Мицкоски: Oпозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител и да се формира Комисија за заштита од дискриминација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот изјави дека правдата во Македонија е нападната. 

Вели дека една помината ноќ во затвор на невин човек е потешка од 10 години затвор на осуден криминалец.

„Ништо не се смени во овие 4 години. Тие како и пред 4 години ветуваат исти работи. 4 години живееме во состојба на „ќе“, рече Мицкоски.

Вели дека во оваа земја владеат законите на криминалците.

Тврди дека луѓе кои пишувале критички против власта се прераспределени од Скопје да работат во Кичево.

Мицкоски порача дека работите мора да се менуваат од корен и дека судството и обвинителството се клекнати на колена.

Бараат опозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител.

Да се спречи реваншизмот, и да се формира Комисија за заштита од дискриминација, и да се донесе закон.

Да се испита зошто по некои предмети не се постапувало.

Back to top button
Close