Мицкоски за Судскиот и Советот на јавни обвинители: Нормално е да бидат против реформи, седат во удобни фотелји, а имаат само два отсто доверба

Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожени фотелји со црвени килими. Секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате два проценти доверба. Ова денеска го изјави одговарајќи на новинарско прашање за Судскиот и Советот на јавни обвинители, посочувајќи дека се подготвени да разговараат за подобри решенија за овие тела, оти, според него, мора нешто да се менува, бидејќи довербата на граѓаните во судството е два проценти.

„И нормално е кога некој сака инвазивно да делува, да направи реформа, веднаш од другата страна имаме одбранбен механизам којшто вели, не, не, ние сме против тоа, затоа што реформата којашто ние ја предвидувавме, предвидуваше да нема повеќе удобни фотелји, туку да има одговорност и отчетност, за да видиме што е тоа што тие сработиле до сега“,вели премиерот.

Според него, треба да се направат сериозни структурни реформи, а тој лично, како што рече, би се засрамил да има доверба кај гражаните од два отсто.

И сега нормално е дека ќе се појавуваат и таков тип експерти и таков тип на луѓе кои се дел од тие тела, кои имаат доверба од два проценти. Јас би се засрамил да имам два проценти доверба. Веднаш ќе ја напуштам работата којашто ја работам и ќе се занимавам со нешто друго. А тие коишто најголемиот дел од нив видовме како таму се поставени, наместо да се засрамат и самите да речат дајте навистина нешто да направиме, тие продолжуваат и понатаму да ги трошат народните пари, па дури и уште испраќаат пораки во јавноста и се закануваат. Ние ќе продолжиме да нудиме решенија, ние тоа го знаеме, да нудиме решенија. Ако имаат тие подобри решенија нека дојдат да разговараме за да смениме нешто, да не биде како до сега. Затоа што како до сега, децата ни се иселија, Македонија се испразни“,рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека борбата со криминалот и корупцијата, како и владеењето на правото биле носечки столбови уште во нивната кампања, порадишто како што рече, добиле повеќе од 600 илјади гласа.

„Ако оставиме ваков тип на функционери што уживаат народни пари, а ништо не прават со доверба од два проценти, како држава нема да одиме за долго. Како држава нема да одиме за долго, ако не направиме сериозни темелни структурни реформи. Тоа е суштината“,вели тој.

Back to top button
Close