Мицковски – Ковачевски сака тајна средба за на неговите да им раскажува невистини за лажна надеж. ДУИ се збирштина од крадци а Пендаровски e „оговарач“

Не, сме имале никаква средба со Ковачевски вели во интервју за порталот прес 24 лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и додава: “И не постои нешто како јавна најава за тајна средба како што кажуваше самиот премиер”.

“И сметам дека нема потреба да се среќаваме на никакви тајни средби. Не знам за Ковачевски, но јас со него немам ништо тајно за споделување. Јас го разбирам него. Сака да имаме средба, потоа тој кај него во партија да им раскажува работи кои не се случиле, да им создава лажна надеж и на тој начин да создава привид за некакво единство, за да ја доддржи партијата во која има евидентно незадоволство по повеќе основи. Тоа се нивни работи, но јас знам дека кога и да имаме средба за тоа ќе биде известена јавноста” вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

За СДСМ вели дека „жалел на какво дереџе спаднале да гледале спас во ДУИ и во коалиција со нив на изборите да го ублажеле поразот”

Според него кој ќе бидат министри од неговата партија во техничката влада ќе договореле по Водици а прашан дали Наќе Чулев ке биде заменскиот министер на МВР во техничката влада вели „Не велам не. Но да почекаме. Засега нема донесено одлука.“

ДУИ мора да оди во опозиција, повторува Мицковски и додава „Замислете оваа партија е над дваесет години дел од власта. Таа е дел од сите подеми и падови. Нереформирана збирштана од луѓе кои се прикажуваат за заштитиници на кауза, а впрочем се крадци кои се занимаваат со тендери и провизии. Е сега поради слабоста на СДСМ тие од техничката влада направија мегдан за пазарење и избоксуваа технички премиер. Е токму поради тоа се боревме и предлагавме укинување на техничката влада.“

Во интервјуто освен жестоки критики и навреди кон политичките противници Мицковски ветува дека Македонија на власт со партијата што ја предводи ќе ја надминела сиромаштијата и ќе ја придвижела економијата. Во интервјуто ги повторува ветените 5 илјади денари линеарно за секој пензионер во текот на првата година но не објаснува исплаќањето дали ке биде одеднаш или на рати во текот на целата година.

Ни работа врши, ни атер крши. Тоа е како да ме прашате што мислите за првиот семафор. Супер работа врши но не може да ви води држава. Со вакви зборови ја оценува работата на председателот на државата Стево Пендаровски и исто како и неговиот сопартиец Александар Николовски тврди дека  „Човекот цел мандат го посвети на оговарање, место на лобирање..

Back to top button
Close