Mицковски: Ме збуни реакцијата на лидерот на Левица, но пак ги повикувам. Местото им е со нас

Мицковски на денешната прес конференција од скопскиот Зелен пазар рече дека го збунила утринската реакција на Фејсбук на лидерот на Левица. Апасиев на вчерашниот повик од Мицковски преку ФБ напиша дека нема да коалицираат со партии кои имаат дамки.

Сепак рече Мицковски дека и денеска ги повикува раководството и членовите на Левица да им се придружат во рушењето на владата на Заев. Тие нека одлучат како ке им се придружат,

-дали во формална или неформална коалиција. Местото им е тука со нас на овие тезги од кај ги повикувам,да бидат со народот и заедно да ја срушиме оваа влада, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ  на Левица и на нивниот лидер Апасиев.

Back to top button
Close