Министерство за правда: Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание

Mинистерството за правда, пратеници од Собранието, Дирекцијата за управување со матични книги, невладини и меѓународни организации, (ОБСЕ и УНХЦР), претставници на Советот на Европа и претставници на други институции, денеска ја завршија дводневната работилница на која составија предлог за измена и конечно дополнување на законот за лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родените.

Овие законски измени, наведуваат од Министерството, се усогласени и договорени со сите субјекти и ќе бидат проследени на понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија.

– Со одобрувањето на овој закон, Северна Македонија прави многу важен чекор во својот европски пат и станува првата земја во Европа што наоѓа решеније за овој долгогодишен проблем на неевидентираните лица. Подготовката на законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родени е пример за решеноста на Министерството за правда да помогнеме на оваа категорија на лица, се вели во соопштението.

Целта на законот, како што посочуваат, е неевидентираните лица да се евидентираат во посебна Матична книга заради добивање на извод и идентификациска исправа за остварување на право на образование, социјална, здравствена заштита.

– Очекуваме законските измени наскоро да ја поминат собраниската процедура и да се усвојат, велат од Министерството.

Back to top button
Close