Млади активисти пред седиштата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со порака за премиер Албанец

Активисти на иницијативите „Зошто да не” и „Верувам” кои ја промовираат идејата на ДУИ за премиер Албанец денеска одржаа собири пред седиштата на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со порака дека е дојдено време за Албанец премиер.

„Со години со политиката во Македонија владееше исклучиво двојката на македонските партии, што пред сè ни наштети нам, албанската младина на оваа земја. Денес сме тука, пред седиштето на двете македонски партии, кои реагираа толку остро и исклучувачки кон нашата легитимна и праведна амбиција, да кажеме дека дојде нашето време. На овие избори, ние, албанската младина, ќе одиме до крај за еднаквост и слобода, пат кој што го започнаа нашите родители и баби и дедовци пред три децении. Не сакаме да продолжиме да ги гледаме нашите пријатели и семејство како ја напуштаат земјата. Ние сакаме целосна еднаквост. Ова е наше време! Време е за албанскиот премиер! Време е да се исполни сонот и да се заврши патувањето!” ,се вели во пораката што беше прочитана на двата собири.

Истовремено, ДУИ испрати соопштение во кои ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека со тоа што децидно ја одбиваат идејата за премиер Албанец, сакаат да го да го елиминираат клучното влијание на Албанците во политиката.

 

Back to top button
Close