Момчето рането во Рибникар оперирано во Чикаго: Министерката Грујичиќ вели дека е неизвесно што ќе се случи со неговите нозе
– Момчето кое беше тешко повредено во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ е оперирано во Чикаго, колегите се задоволни од операцијата, оштетувањата се тешки и моментално се наоѓа на некаква посебна рехабилитација – изјави министерката за Здравје, проф. д-р Даница Грујичиќ. Според Грујичиќ заздравувањето ќе трае долго, како што и самите знаат од искуство.

– Тоа е ‘рбетниот мозок. Постои и прашање на брахијалниот плексус на десната страна. Тој можеше доста добро да ја движи левата рака и пред таа операција. Што ќе биде со нозете, се уште е неизвесно. Најважно е што верува дека може да се опорави. Менталната состојба е многу важна. Немам информации за неговата моментална состојба. Додека беше во Белград имаше промени во расположението. Тој е младо момче кое беше многу активно и одеднаш зависно од туѓата грижа. Не е лесно – објаснува проф. Грујичиќ.
Неговите родители, кои се лекари, отишле во Чикаго со момчето
Девојчето рането во масакрот во Младеновац, на кое му беше ампутирана раката, е на рехабилитација.






