Можно ли е со финансиската полиција да директорува лице условно осудено?!

Се погласни се информациите дека Кирил Тодоровски, кумашин на Министерот за транспорт и врски Александар Николовски е главен претендент за нов директор на Финансова полиција.

Тодоровски е поранешен шеф на кабинетот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Во 2022 година тој беше еден од осудените во предметот “Титаник”. Тодоровски доби условна казна од две години која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело. Според медиумите во 2019 година Тодоровски и се заканувал на сведок од предметот “Титаник”…

Чудно е како воопшто во игра е осудено лице да се назначи за директор на репресивна институција и дали само поради кумовската врска со Александар Николовски нема да се почитуваат законите.

Освен Тодоровски во белата палата се разгледува и можноста новиот директор на Финансова полиција, да биде професионалец кој е вработен во институцијата.

Back to top button
Close