Мрѓа: По вториот негативен тест излегувам од домашна изолација

Негативна ×2 😊

-По вториот негативен тест излегувам од домашна изолација

.
Овие 14 дена, додека бев оделена од најблиските, семејството,пријателите,
колегите беа исклучителна лекција за тоа колку е животот непредливив, но и колку коронавирусот којшто буквално го стопираше светот, демне oд секој агол.
Неопходно е да бидете одговорни и да се грижите за сопственото и здравјето на своите најблиски,затоа што никој нема тоа да го направи за вас.
А со грижа за себе,се грижите и за сите други. Затоа што оваа битка зависи од одговорноста на сите.
Уште еднаш од срце на сите кои се борат со Covid 19 им посакувам што побрзо да се изборат со болеста, без никакви последици.
На самоизолираните им посакувам трпение и негативен тест.
Драги луѓе, вие кои целиот овој период бевте моја поддршка од срце ви благодарам.
За грижата,за муабетите,за помошта,за поддршката…
Не попусто рекле,на мака се познаваат вистинските луѓе,јас во ова
време-невреме, само си потврдив дека во мојот живот има само такви, вистински луѓе!
Секако посебна благодарност,но и извинување за моето семејство кое повторно, по којзне кој пат, поради моја ситуација доживува стресови.
Ве сакам ❤ – напиша на фејсбук новинарката Душица Мрѓа.

Back to top button
Close