Му се заканувал со нож, па го удрил со дршка од секира – приведен 42-годишник во Џепчиште

Полициски службеници од Полициската станица Тетово на 2 мај 2026 година во 10:20 часот во село Џепчиште го лишиле од слобода А.А. (42) од истото село, соопшти МВР.
Според пријавата, претходниот ден С.М. (63) од Џепчиште пријавил дека додека се враќал со трактор од нива, А.М. му се заканувал со нож, по што го удрил со дршка од секира.
По настанот се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: skopje1.mk






