Мумиите можен извор на смртоносни габични инфекции
Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја предупреди дека мумиите што се изложени во Мексико Сити и често се движат на тури низ земјата, може да претставуваат закана за здравјето на луѓето.
Позната како „Мумиите на Гуанхуато“, изложбата што 2009 година е претставена и во САД, неодамна, во Мексико Сити, каде што биле изложени шест мумии во стаклени куќишта, поттикна загриженост кај стручњаците, особено имајќи предвид дека не се знае дали тие стаклени кутии се херметички затворени и доволно безбедни. Институтот соопшти дека можна појава на габи на таква „патувачка изложба“ предизвикува загриженост за болести поради начинот на којшто се управува со мумиите, при претставувањето во јавноста.
„Уште повознемирувачко е што тие сè уште се изложени без никакви заштитни мерки за јавноста од биолошки опасности. Од некои од објавените фотографии, барем еден од изложените трупови, којшто Институтот го прегледал во ноември 2021 година, покажува знаци на пролиферација на можни габични појави“, се вели во соопштението
Смртоносните габични инфекции кај мумија се ретки, но не и невообичаени. Според „ИФЛ Сајенс“ (IFL Science), 10 од 12 научници присутни на отворањето на гробот на кралот Казимир Четврти во Полска, 1970 година, починале неколку недели по настанот, веројатно од габична инфекција.
„Сѐ тоа треба внимателно да се проучи за да се увиди дали има знаци на опасност за културното наследство, како и за оние кои се занимаваат со тоа и посетителите кои доаѓаат да ги видат“, предупредуваат од Институтот.
Мумиите се дел од мексиканската култура уште од 1860-тите. Кога семејствата на починатиот не можеле да плаќаат давачки за погреб, телото било ексхумирано. Таквото зачувување на мртво тело, се покажало делотворно и доволно занимливо за љубопитните граѓани и посетители и кои биле подготвени и да платат да ги видат мумиите. Околу 1900 година, во поставеноста, некои тела биле намерно оставано со прекрстени раце над градите и отворени вилици, заради впечаток дека мумијата вреска, што сѐ уште предизвикува контроверзии.
Според „Нејшнал џиографик“ (National Geographic), од 1969 година, експонатите се изложени во новиот Музеј на мумиите (Museo de las Momias) во Гуанхуато.
„Тоа се само обични луѓе кои се содржат информации за периодот во којшто живееле. Оделе по овие улици, на стариот пазар… Тие не треба да бидат претставени како изроди“, нагласи Џералд Конлог, почесен професор по дијагностичка слика на Универзитетот Квинипијак во Хамден, Конектикат, САД.
Во февруари 2022 година, беа почнати напори да се идентификуваат мумиите.