МВР ги идентификува профилите кои ширеле лажни информации за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи презема мерки по ширењето лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена со опасна бактерија.

Од МВР за МИА информираат дека Секторот за компјутерски криминал ги идентификува профилите од кои биле објавувани повици граѓаните да не ја пијат водата во Скопје. Дел од лицата веќе се повикуваат на информативен разговор.

„Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи ги презема соодветните мерки и активности. Се идентификуваат профилите на лицата и тие се повикуваат на информативен разговор. По завршувањето на истражните дејствија, соодветно ќе ја информираме јавноста“, соопштија од МВР.

Лажните тврдења за наводно присуство на бактеријата Ешерихија коли во скопскиот водовод вчера се проширија преку социјалните мрежи, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај дел од граѓаните

Back to top button
Close