МВР ги повика на разговор сите инволвирани во случајот со наставникот во Бутел, известен е и обвинител

 

Директорката на училиштето попладнево поднела писмено известување во полициска станица, а случајот со тепањето ученик стигна и до рацете на јавен обвинител

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги повикало на разговор во полициска станица сите инволвирани во случајот со наставникот од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, од кого се се појави видео како тепа и крева во раце дете.

Директорката Камуран Абдулах Реџа како што најавила во вчерашниот телефонски разговор со полицијата, денеска била во станицата „Чаир“ и поднела писмено известување.

„Денеска околу 15:45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа ’Тик-Ток‘. Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот. Известен е и јавен обвинител“,

велат од МВР.

Наставникот кој се гледа на вознемирувачкото видео кое го снимил друг ученик предава англиски јазик, а настанот се случил во паралелка од седмо одделение.

извор.360 мк

Back to top button
Close