МВР со детали: Почина матурантот Тони Сали

Матурантот Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина завчера.

„На 27.05.2021 околу 07:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираше МВР.

Причините за прераната смрт на ова момче не се знаат, затоа што ова момче немајќи извод, никогаш немаше ни здравствена книшка, а ни лична карта.

Back to top button
Close