МЖ Транспорт: Градскиот воз вчера беше привремено запрен поради невремето, денес сообраќа редовно

МЖ Транспорт АД-Скопје информира дека сообраќањето на градскиот воз во Скопје вчера привремено било прекинато од безбедности причини откако скопскиот регион беше зафатен со силно невреме, како и дека возот продолжил да функционира веднаш. Денешниот сообраќај, посочуваат, се одвива редовно во рамки на тековниот возен ред.

– Ве информираме дека на ден 02.09.2026 год. поради силното невреме кое го зафати Скопје и скопскиот регион привремено беше прекинат железничкиот сообраќај поради безбедносни причини.

Ве информираме дека железничкиот сообраќај веднаш беше ставен во функција, конкретно градскиот воз продолжи да сообраќа во рамки на предвидениот возен ред – се вели во соопштението од МЖ Транспорт

Back to top button
Close