На аеродромот во Загреб запленети две кобри пристигнати од САД
Хрватските цариници на аеродромот во Загреб спречиле обид за криумчарење на две отровни змии – кобри кои во државата пристигнале од САД.
Змиите биле нарачани од правно лице од Словенија и биле дел од пратка која во Хрватска пристигнала на 30 декември минатата година, пишува Индекс.
По извршените проверки, од царинската управа утврдиле дека за двете влечуги ги немало потребните документи и не постоела дозволата за увоз со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови дива фауна и флора (CITES).
…