На австрискиот претседател Ван дер Белен екстремистите му се закануваат со бесилка

Повеќе недели десничарски екстремисти му се закануваат на австрискиот претседател Александер ван дер Белен, а сега тоа го направија и со бесилка.

На протест по повод доаѓањето на Ван дер Белен на летен културен фестивал во Салцбург, еден од учесниците носеше бесилка со напис „Алатка за поправка на владата“.

Полицијата ги обезбедуваше политичарите при нивното доаѓање, но не им одговори на учесниците на протестот.

На социјалните мрежи реагираа многумина, критикувајќи што полицијата дозволила такви закани.

Со недели десничарски групи се обидуваат да ги нарушат настапите на Ван дер Белен.

Објавени се термини на социјалните мрежи, првенствено на Телеграм, како и повик на сите места, со различни средства, да му се попречуваат настапите.

Така група демонстранти пред неколку дена излезе во Ефердинг поради што беше откажан планираниот говор на австрискиот претседател.

Медиумите пишуваат дека на сите места каде Ван дер Белен доаѓа, соочен е со протести и свирежи.

Back to top button
Close