На автопатот Велес – Скопје – Куманово 91 санкција за брзо возење

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 91 возач, соопштија од МВР.

– Од нив, 18 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и 3прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Back to top button
Close