НАЈБОГАТАТА ИНДИЈКА НА СВЕТОТ ЖИВЕЕ ВО КУЌА ВО МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Има 600 вработени во домот, 169 автомобили, но децата користат строго јавен транспорт

Нита Амбани е сопруга на најбогатиот Индиец во светот Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на најуспешната компанија во Индија „Reliance Industries“. Нивното богатство се проценува на 83 милијарди евра, а најбогатата Индијка е позната по својот раскошен начин на живот со бескрајна листа на луксузни каприци. Во нејзината гаража има 169 автомобили, а нејзиниот персонал брои дури 600 членови, вклучувајќи готвачи, чистачки, келнери и фитнес инструктори.

Дом од милијарда долари

Едно од најбогатите семејства во светот живее во резиденцијата Антилија во Мумбаи, најскапиот солитер во светот. Резиденцијата е вредна милијарда долари, се состои од 27 ката со бројни забавни објекти како што се кино, спа центар, храм, сала за бал и соба посветена на автомобили. Членовите на семејството се релаксираат под вештачки снег и ги чуваат чувари кои имаат свои посебни станбени единици.

 

Префинет вкус

Нита Амбани, наставничка и дизајнерка на ентериер, ужива да троши пари на луксузни предмети и има исклучителен вкус за чанти. За чантата Ермес потрошила 350.000 евра, а во една прилика порачала 25.000 златни садови. На својот сопруг му купила луксузен Мајбах 62, додека милијардерот на сопругата и подарил млазен авион вреден 60 милиони евра, пренесува „Индекс.хр“. Оваа Индијка (59) најчесто ја гледаме во јавноста во традиционална облека, но Картие, Булгари и Гучи се некои од нејзините омилени модни брендови. Позната по својата дарежливост, таа основала училиште и болница во Мумбаи, а брачната двојка донирала 68 милиони евра за помош во пандемијата

Строги правила за децата 

Најбогатиот пар во Индија е во брак 37 години и има три деца, два сина и една ќерка кои се воспитани на многу строг начин, следејќи ригорозни правила.

Нита инсистирала децата да добиваа мал додаток, морале да се возат во јавен превоз и да имаат строги ограничувања за излегување.

Back to top button
Close