На чеченските војници им е наредено да се мобилизираат, гранатирани руски погранични области

На борците од руската република Чеченија под команда на Рамзан Кадиров најверојатно им било наредено да преземат водечка улога во борбите во Украина во деновите кога гувернерот на руската област Белгород најави евакуација на децата поради прекуграничните напади од Украина, јави Ал Џезира.
Институтот за проучување на војната (ИСВ) со седиште во Вашингтон во својот последен извештај објавен денеска вели дека руските воени команданти најверојатно им наредиле на Чеченците да се приклучат на битката по повлекувањето на платеничките сили на Вагнер од разурнатиот Бахмут.
Според ИСВ, Кадиров вчера потврдил дека неговите сили добиле нови наредби и оти ќе бидат распоредени во „жариштето на борбата“ за да „ослободат“ голем број населени места откако ќе ја преземат одговорноста за првите линии на фронтот во југоисточниот украински регион Доњецк.
Кадиров рекол дека чеченските специјални сили се подготвуваат за офанзивни операции пред очекуваната контраофанзива со која Украина има намера да ја врати територијата од руските сили.
– Наводното враќање на чеченските сили во офанзивните операции ќе стави крај на речиси едногодишната пауза на Кадиров од борбените операции со висок интензитет во Украина, соопшти ИСВ.
Чеченските борци оперираа првенствено во областите зад линијата на фронтот, откако учествуваа во крвавите битки во украинските градови Мариупол, Северодоњецк и Лисичанск, соопшти ИСВ.
поинтензивни напади на нејзина територија, со невиден упад на руски борци во Белгород минатата недела и напад со дронови врз Москва во вторникот.
Минатонеделниот упад од Украина во Русија на Рускиот волонтерски корпус (РВЦ) и сојузничката Легија на Слободна Русија беше најголем од почетокот на руската инвазија минатата година.
Кремљ вчера соопшти дека не размислува за воведување вонредна состојба во Русија, и покрај нападите со дронови врз Москва и континуираното гранатирање на пограничните области.
Според медиумите, Песков реагирал на барањата на чеченскиот лидер Кадиров за поостри напади врз Украина и прогласување вонредна состојба по нападот со дронови врз Москва.
Песков рече дека таквата одлука е на Москва, а не на регионите. Тој исто така изрази загриженост за континуираното гранатирање на Белгород.
– Преземаме мерки, рече Песков.






