Најдени исчезнатите девојчиња напладне кај паркот во Чаир

Новинарот Фуркан Салиу пред малку на неговиот фејсбук профил напиша дека двете исчезнати девојчиња Аниса и Мелиса од Скопје конечно по три дена денеска напладне биле најдени во близина на паркот Чаир. Тој напиша дека за среќа девојчињата се пронајдени и се во добра здравствена состојба. Семејството на 12 годишната Аниса од завчера апелира преку социјалните мрежи а исчезнувањето на нивната ќерка го пријавила во полиција.Граѓанин денеска попладне ги забележал девојчињата во близина на паркот во Чаир и повикал полиција.

Синоќа граѓани на повик на навивачката група шверцери цела ноќ ги барале исчезнатите девојчиња.

Back to top button
Close