На ГП „Меѓународен аеродром“-Скопје приведен Пакистанец, прилложил привремен престој од друго лице
На граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје синоќа во 20.00 часот од полициски службеници е лишен од слобода А.Ј.(22) од Пакистан.
Како што информираа денеска од МВР, по извршената пасошка контрола и проверка во службената евиденција од полициските службеници било констатирано дека тој за влез во државата приложил кипарски привремен престој од друго лице.
– А.Ј. е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции –Скопје за понатамошна постапка, појаснуваат од МВР.