На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани. Понатаму што прават, ниту ме интересира, ниту сум ги прашал, најверојатно си ја тераат процедурата, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој повтори и дека зависно од потребите и барањата на пациентите, во Кочани ќе се испраќаат мултидисциплинарни екипи составени од пластични хирурзи, психолози и психијатри. Ако треба ќе бидат вклучени и физикални терапевти, како и токсиколози, интернисти, хирурзи,..

Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, рече денеска претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и министер за здравств

Како што информира Таравари, сите пациенти, генерално, се секој ден се подобри, некои се екстубираат, се враќаат на нормални оддели и се третираат со трансплантација на кожа за да се затвори раната и да нема појава на нови инфекции. Остануваат препораките дека пациентите се трауматизирани и дека е добро во однос на однесувањето со нив многу да се внимава.

-Од истражните органи се што беше побарано од нас како медицинска документација, се е предадено. Тоа што е побарано е дадено и повторно што ќе биде побарано ќе биде дадено. Истражните органи си ги знаат процедурите и не би сакал да се мешам во таа работа, истакна Таравари, одговорајќи на новинарски прашања по прес-коннеференцијата на која ја соопшти состојбата на хоспитализираните по трагедијата во Кичево.

Во однос на медицинските тимови, дециден е дека што ќе побараат колегите од Кочани, тоа и ќе биде испратено.

-Одредени тимови од пластична хиругија веќе беа и ќе продолжат да одат, комуницираме со сите пациенти, и со тие што се испишани и со тие што се на болничко лекување, во тек сме и какви ќе бидат барањата, така ќе постапуваме, подвлече министерот.

Директорката на Клиниката за пластична хиругија Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на пластична хирургија, се нуди и на нашата Клиника. Третманите, рече, многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата.

-Од првиот ден се трудиме лузните на пациентите да ги превенираме и да ги сведеме на минимум. Ги советуваме пациентите како треба да се однесуваат со нивната веќе изгорена кожа која иако е заздравена, е многу нежна. Им препорачуваме хидратантни креми од медицинска козметика, без парфеми и бои, со заштитен фактор 50. Најдобро е воопшто да не излегуваат на сонце за лузните да не пигментираат. На сите пациенти им се дадени пакетчиња со креми за соодветен третман. Се имаме и ние што се нуди надвор. Имаме и хирурушки зафати за ставање експандери за експандирање на нормалната кожа за да се покрија лузните на лицето, рацете,… Го работиме тоа со години наназад, истакна Ѓоргиевска Павловска.

Министерот Таравари претходно соопшти дека пет пациенти од хоспитализираните во Скопје се пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, а четворица од оние кои се лекуваат во странство се во критична состојба.

Back to top button
Close