Најлошиот избор на храна за метаболизмот

 Најдобрите намирници за забрзување на метаболизмот се оние на коишто им треба подолго време за да се сварат и поради кои подолго време човек се чувствува сит. А, најлоши за човековиот метаболизам се оние кои брзо се претвораат во гликоза.

Најнови истражувања посочуваат дека метаболизмот останува релативно непроменет од 20 до 60 години, а потоа почнува да забавува. Значи, нема многу што може да се направи за тоа да се промени. Но, храната богата со протеини, на пр., има висок термички ефект, што значи дека телото работи понапорно за да ги свари, забрзувајќи го метаболизмот.

Во истовреме, постојат намирници кои не предизвикуваат согорување маснотии и всушност можат да му наштетат на нашиот метаболизам. А, најлошата храна во таа смисла се шеќерите без влакна, како што е белиот леб.

Едноставните јаглехидрати – како слатките газирани пијалаци и зашеќерени десерти – му даваат на тело брз наплив на енергија, бидејќи брзо се разградуваат, но потоа, исто толку брзо, ќе се почувствувате летаргични и гладни. Тие имаат и стремеж да нѐ направат гладни и може да поттикнат прејадување, така што оваа храна е поврзана и со зголемување на телесната тежина. Спротивно на тоа, сложените јаглехидрати како цели зрна придонесуваат за губење на тежината бидејќи им треба подолго време за да се сварат и бараат повеќе калории за да го направат тоа.

Споредувајќи ги мерењата на два оброци, истражувачите откриле дека на испитаниците им треба значително повеќе енергија да сварат сендвич со целосна храна отколку сендвич со обработена храна и заклучокот гласи дека преработените состојки, особено белото брашно, го намалуваат метаболизмот за 50 отсто.

Back to top button
Close