Најмалку 11 загинати во денешните руски воздушни напади во Украина

 

Најмалку 11 лица загинаа, а речиси 80 се повредени, според последните податоци од денешните руски воздушни напади во Украина, соопштија локалните власти.

Бројот на жртвите во Харков, на североисток, сега е седум, изјави шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов.

Тој додаде дека 51 лице е повредено во вториот по големина украински град.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека 22 лица се повредени во руските воздушни напади врз главниот град на Украина. Од нив 13, меѓу кои и три деца, се хоспитализирани.

Три лица се повредени од ракети во регионот на Киев.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни изјави дека Русија денеска истрелала вкупно 41 проектил кон земјата. Дваесет и еден од нив се соборени.

Back to top button
Close