Најмалку 13 загинати во украински напад врз Доњецк


Најмалку 13 лица загинаа, а 10 се ранети во украински напад врз градот Доњецк, во самопрогласената „Доњецка Нардона Република“, која е под руска контрола, јавија западните медиуми, повикувајќи се на порака на Телеграма објавена од Алексеј Кулемзин, шеф на локалната администрација назначена од Москва.

Претходно Кулемзин јави за осум загинати во нападот врз округот Кировски.

-Засега податоците се прецизираат, додаде рускиот претставник.

Во украинскиот напад бил погоден градскиот пазар.

Француските медиуми потсетуваат дека Доњецк од 2014 година е под контрола на локалните проруски герилци, раководени од Москва, и оттогаш е редовно гранатиран од украинската армија. Градот се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close