Најмалку 17 загинати во руски напад на станбена зграда и рекреативен центар во Одеса, тврдат украинските власти

Најмалку 17 лица загинаа откако две руски ракети погодија висококатница и рекреативен центар во јужниот пристаништен град Одеса рано утрово, соопштија украинските власти.

Вооружените сили на Украина издадоа предупредување во кое ги повикаа жителите да бараат засолниште откако се слушнаа три експлозии и тревога за воздушен напад непосредно пред 1 часот по полноќ по локално време, пишува „Гардијан“.

 

Портпаролот на војската на Одеса, Сергеј Брачук, во објава на својот официјален канал на Телеграм, нешто пред два часот по полноќ, рече дека непријателски проектил го погодил јужниот пристаништен град во кој, како што рече, „за жал, има жртви“.

Брачук подоцна изјави дека ракетниот напад бил извршен со „стратешки авион“ од правец на Црното Море.

„Едната ракета погоди деветкатна станбена зграда, другата погоди рекреативен центар во регионот Белгород-Днестар“ рече тој.

Украинската Државна служба за вонредни состојби (СЕС) објави дека утрово во напад врз станбена зграда загинале 14 лица, а 30 се повредени, меѓу кои три деца.

Во одвоен напад на рекреативниот центар загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а едно е повредено, соопшти СЕС.

Претходно оваа недела две руски крстосувачки ракети погодија преполн трговски центар во украинскиот град Кременчук, при што загинаа најмалку 18 луѓе, а десетици беа повредени.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close