Најмалку 187 загинати за еден ден во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Хамас

Вкупно 187 луѓе се убиени за еден ден во новите израелски напади во Појасот Газа, соопшти денеска Министерството за здравство кое е под контрола на милитантната палестинска организација Хамас.

Како што пренесе ДПА, Министерството додаде дека се повредени 312 Палестинци.

Вкупниот број на Палестинци убиени во Појасот Газа од почетокот на војната се искачи на 21.507.

Според последните информации, повредени се 55.915 лица.

Бројките не можат независно да се потврдат, но ОН и другите набљудувачи посочуваат дека бројките на власта се покажале како веродостојни во минатото.

Војната беше предизвикана од најтешкиот масакр во историјата на Израел, извршен од исламистичкиот Хамас и други екстремистички групи на 7 октомври во Израел во близина на границата со Газа. Тогаш беа убиени околу 1.200 луѓе на израелска страна, меѓу кои најмалку 850 беа цивили.

Back to top button
Close