Најмалку четворица загинати при израелски воздушен напад врз Бејрут

Во синоќешниот израелски напад врз главниот град на Либан, Бејрут загинаа најмалку четири лица, а 23 се повредени.

Цел на нападот бил објект, за кој се претпоставува дека го користело либанското шиитско движење Хезболах.

Нападите биле насочени кон центарот на Бејрут односно квартот Баста.

Тоа е четврти израелски напад врз центарот на Бејрут за една недела.

Back to top button
Close