На Мицкоски одбивањето на Заев да поднесел оставка му се гадело

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не очекува објективна истрага за пожарот во модуларната болница додека министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се на функција. Тој тврди дека објектот немал употребна дозвола и инсталација за противпожарна заштита, па прашува што треба повеќе да се констатира.

За сите останати детали, наведува тој, треба истрага, но самиот податок дека објектот како и многу други немале употребна дозвола, според него повлекува кривична одговорност.

„Додека министерот за здравство и неговиот заменик се таму каде што се, додека овие луѓе ја водат Владата не очекувам непристрасна истрага. Многу е јасно, објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Треба ли уште повеќе да зборуваме? Овде треба кривична одговорност, овде треба десетици години затвор за тие кои тоа го дозволиле. Каква истрага е потреба, за што зборуваме ние? Имаме објект кој нема дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Немаме инсталација за противпожарна заштита. Што треба истрагата да констатира? Еве јас сум инженер, констатирам, универзитетски професор сум. Што треба да констатираме повеќе, не знам што треба да констатираме повеќе“,

изјави денеска Мицкоски од Тетово.

 

 

Тој кратко ја прокоментира и изјавата на премиерот Зоран Заев дека не размислувал за да си поднесе оставка и вели дека истата му предизвикала чувство на гадење.

„Навистина кога човек ќе се поистовети со функцијата и себеси ќе се интерпретира со функцијата – тоа сум јас, во услови кога згаснаа невини човечки животи е тажно и жално. Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој заминел Мицкоски ќе бил премиер, тогаш навистина освен она благо чувство на гадење друго немам ништо да кажам“,рече Мицкоски.

Back to top button
Close