На погребот на папата Франциск се очекуваат голем број светски лидери

Голем број шефови на држави и влади и други лидери најавија присуство на погребот на папата Франциск в сабота во Рим.

Засега најавено е присуството на:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Франција: Претседателот Емануел Макрон со министрите за надворешни работи и за внатрешни работи Жан-Ноел Баро и Бруно Ретаљо.

Велика Британија: Принцот Вилијам (како претставник на кралот Чарлс III) и премиерот Кир Стармер.

Германија: Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц (идниот канцелар Фридрих Мерц рече дека нема да оди во Рим, десет дена пред закажаните официјални избори на 6 мај).

Украина: Претседателот Володимир Зеленски

Шпанија: Кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција ќе предводат официјална делегација во која ќе бидат тројца членови на шпанската влада и лидерот на опозицијата Алберт Нуњез Феиха. Премиерот Педро Санчез нема да оди.

Полска: Претседателот Анджеј Дуда и претседателот на парламентот Симон Холовина.

Ирска: Претседателот Мајкл Хигинс, премиерот Мајкл Артин и вицепремиерот Сајмон Харис.

Белгија – кралот Филип и кралицата Матилда, премиерот Барт Де Вевер.

Португалија: Претседателот Марсело Ребело де Соуса, премиерот Луис Монтенегро, претседателот на Собранието Хозе Педро Агиар-Бранко и министерот за надворешни работи Пауло Рангел.

Австрија – Канцелар Кристијан Штокер.

Унгарија: Претседател Тамаш Суљок.

Чешка: Премиерот Петер Фијала.

Словачка: Претседателот Петер Пелегрини.

Романија: Вршителот на должноста претседател Илија Болојан.

Словенија: Претседателката Наташа Пирц Мусар, премиерот Роберт Голоб.

Литванија: претседател Гитанас Наузеда.

Летонија: претседател Едгарс Рикевичс.

Естонија: претседател Алар Карис.

Молдавија: Претседателката Маја Санду.

Монако: Принцот Алберт Втори и неговата сопруга Шарлин.

Европска Унија: Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

САД – Претседателот Доналд Трамп и сопругата Меланија.

Аргентина: Претседателот Хавиер Милеи, неговата сестра Карина (генерален секретар на претседателството) и неколку министри, вклучувајќи го и шефот на дипломатијата, Херардо Вертејн.

Бразил: Претседателот Луис Инасио Лула да Силва и неговата сопруга.

Back to top button
Close