На списокот гости на инаугурацијата на Трамп не се само Мицковски и Муцунски. Покана добиле спикерот Гаши, и лидерите Таравари и Ибраими од Алтернатива.
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, е поканет да учествува на церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп за претседател, што ќе се одржи на 20 јануари 2025 година (понеделник) во Вашингтон.
„Ве известуваме дека на 20 јануари 2025 година, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Африм Гаши, ќе учествува на церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави.
„Поканата и учеството на претседателот Гаши на овој настан е од особено значење, бидејќи го зајакнува и нагласува непоколебливото партнерство и блиските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, демонстрирајќи ја посветеноста за континуирана соработка во сите области. соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.
Во меѓувреме од Алтернатива потврдиле за порталот на албански јазик Лидери.мк дека и нивниот претседател Зеќирија Ибраими добил покана да учествува на инаугурацијата на Трамп во понеделник.
Претходно од владеачата Алијанса на Албанците обавија дека покана за инаугурацијата на Трамп добил и Арбен Таравари кој потврди дека ке оди на церемонијата а престојот во Вашингтон ќе го искористи за средби и разговори со личности од новата администрација на Трамп.
Со ова веста што ја пласираа медиуми блиски до премиерот дека Мицковски ќе биде најверојатно единствениот политичар од регионот кој е поканет на инаугурацијата и на средби со високи функционери од тимот на ново стариот председател на САД Доналд Трамп како изтаз на висока почит која ја уживал кај новата администрација се покажа дека е „напумпана“ и дека само од земјава поканети се повеќе актуелни политичари.