На Токсикологија закрепнува пациентот каснат од пајак „црна вдовица“ додека работел со тутун

На Клиниката за токсикологија закрепнува пациентот од Струмичко кој додека работел со тутун бил каснат од еден од најотровните пајаци – „црна вдовица“ (Latrodectus mactans).

Симптомите што се појавиле кај него се карактеристични за убоди од овој вид на пајак кој постои и на Балканот а тоа се изразен оток, покачен крвен притисок и тресење на мускулатурата.

Исто така, имал и карактеристичен белег од каснувањето, „два заба слични на каснување од змија“ на блиско растојание

(…)

Откако го каснал пајакот, тој го бутнал од раката и видел дека се работи за мал црн инсект без да знае што е. После 10 минути почнале многу силни болки во мускулите и коските и силна главоболка, забрзана работа на срцето, висок крвен притисок, грчеви и една тешка општа состојба. Добро е што во Струмица има интернист со големо искуство кој специјализираше кај нас па многу брзо е интервенирано, стапено е во контакт со нашиот токсиколошки центар, се исконсултирале и веднаш почнато е со терапија уште во Струмица, објаснил доктор Чибишев за Слободен печат.

Повеќе

Back to top button
Close