Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција за еден ден


Во последното деноноќие починале 16 лица, а 95 пациенти се на респиратори на одделите за интензивна нега во грчките болници
По речиси три месеци, во Грција повторно се регистрирани над 20 000 нови случаи на ковид-19 во еден ден, односно вкупно 20 084 новозаразени и 3 664 реинфекции, јави МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 16 лица, а 95 пациенти се на респиратори на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со реинфекции.

Back to top button
Close