Намален водостојот на трите природни езера

– Водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од вчерашните. Како што покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), новото на Дојранското Езеро е намалено за два сантиметра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера.

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,61 метар повисоко од просекот за јули, додека кај Преспанското и Охридското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 1,74 метри кај Преспанското, односно за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.

Пониски од повеќегодишниот просек за овој месец се и нивоата на речиси сите реки во земјава.

Back to top button
Close