Намалени трошоците на градежните фирми за изградба на нови објекти и за материјали

 Bо вториот квартал  во споредба со првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,4 проценти, трошоците за материјали се пониски за 0,6  проценти, а трошоците за вработените остануваат непроменети.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од годинава, во споредба со второто тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6  проценти, трошоците за материјали се пониски за 3,4 проценти и трошоците за вработените се повисоки за 5,8  проценти.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close