Наместо новогодишни прослави, масовен студентски протест во Белград

„Нема нова, должни сте ни за старата“ вели паролата на студентските движења кои 2025 година ќе ја пречекаат со протест наместо со прослави.

Фото: Reuters/ Zorana Jevtic

Во објава на „Инстаграм“ организаторите како пример ја истакнаа демонстрацијата во 1996/7 година кога вечерта на 31 декември се собрале 50 000 студенти и граѓани. На објавата тие додадоа дека сега не е време за откажување од борбата за правда:

„Поради Новата година и многубројните празници, студентските блокади се под закана на разводнување во следните месеци. Тоа не смееме да го дозволиме. Не смееме да испратиме порака до светот на студентите прославите и празниците се поголем приоритет од борбата за правда“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @blokada.arh.bg

Собирот ќе започнува во Пионерскиот парк од 22:30 до 23:00 часот. Од 23 часот, пак, ќе започне прошетката до Студентскиот плоштад. Во 23 часот и 52 минути ќе има 15-минутен молк во чест на 15-те жртви во Нови Сад. По молкот ќе следуваат студентски перформанси.

Организаторите нагласија дека собирот е натпартиска и студентска иницијатива.

Back to top button
Close