Насилно го внеле во возило и го однеле во Грчец каде го тепале и му барале да врати долг!
На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје.
Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.
Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.