Натпреварите во Серија А одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април
Натпреварите од Серија А кои беа одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април, соопшти прес-службата на лигата.
Средбите првично требаше да се одржат денес. Утрово се дозна дека папата Фрациск почина, тој имаше 88 години.
Така в среда на 23 април ќе се одиграат четири натпревари:
Торино – Удинезе
Каљари – Фиорентина
Џенова – Лацио
Парма – Јувентус.