Навални оставил аманет: Сите што ќе гласате против Путин излезете напладне

На 1 февруари на корисничката сметка на социјалната мрежа Икс, сега покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални објавил порака со инструкции пред претседателското гласање што ќе се одржи овој викенд во Руската Федерација.

„Ми се допаѓа идејата гласачите против Путин да излезат заедно на гласање во 12 часот“, напиша Навални. „Напладне против Путин!“.

Овој план има свои предности. Протест ширум земјата би бил национален, легален и релативно безбеден.

„Па, што можат да направат? Ќе ги затворат избирачките места во 12 часот? Ќе организираат акција за поддршка на Путин во 10 часот? Ќе ги регистрираат сите што дошле напладне и ќе ги стават на листа на недоверливи?“ – додава Навални

Back to top button
Close