Не станува збор за обична сообраќајна несреќа, ќе се докаже оти возачот Васил Јованов ја усмртил младата жена со умисла, рече обвинителот Марковски на почетокот од судењето

На првото рочиште во Кривичниот суд за трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 21-годишната Фросина Кулакова, обвинителот Александар Марковски изјави дека ќе докаже оти возачот Васил Јованов ја усмртил младата жена со умисла, пренесе 4news.

– Обвинетиот нецела минута пред критичниот момент возел цик-цак, преминал преку две полни линии. Иако овие прекршоци не се самостојно кривично дело, тие се важни докази за постоење на умисла, рече Марковски, додавајќи дека Јованов е и претходно осудуван, но тоа не го навел при давање на неговите податоци во судот

Повеќе

Back to top button
Close