Недела станува неработен ден, предлогот на ССМ прифатен од Владата

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев, кој потеницра дека ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе.

Сојузот на синдикатите на Македонија, исто така, преку соопштение информираше дека е прифатена иницијативата и дека по пат на социјален дијалог со Владата е обезбедено ова право на работниците.

-Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, наведуваат во соопштението и додаваат дека во услови на криза предизвикана од коронавирусот се покажува дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс помеѓу работата и семејството, ССМ во изминатиот период повеќе пати предлагаше ден на неделен одмор да биде недела.

Прифатениот предлог од страна на Владата за ССМ претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање правна рамка за почитување на демократските вредности.

Back to top button
Close