Негативни корона тестови за влез во земјава може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање

Македонските превозници што се приморани при влез во Македонија да покажат ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа, предупредуваат дека во јужна Србија тоа станува добар илегален бизнис. Негативни ПЦР-тестови може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање, пренесе Мкд.мк.

На социјалните мрежи пак се шират фотографии од редици луѓе кои чекаат ПЦР тест за да влезат во земјава и патниците се револтирани поради условите во кои се зема тестот.

-Во селска менувачница се плаќа за тест , чини 55 евра, во истата менувачница земаат брис на столче, без никаква дистанца и заштитни мерки! Граница српска! Алал вера комшии – стои во една од објавите дополнета со оваа фотографија.

Back to top button
Close