“Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров ќе се чита во вагоните и станиците на софиското метро
Македонскиот КИЦ во Софија ја претставува кратката песна „Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров
Од 19 ноември до 23и декември 2024 во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Иницијативата „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ се одржува деветти пат, а Македонскиот културно-информативен центар за прв пат се вклучува меѓу организаторите. Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија и „Литературен весник“, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски амбасади во Софија, Општината на главниот град – Софија, Бугарското национално радио и телевизија.
Секоја година организаторите на „Поезија во метрото“ објавуваат тема, според која секој странски центар избира кратко поетско дело и истото за времетраењето на проектот е претставено во печатен вид во вагоните и станиците на Софиското метро. Голем број граѓани на Софија имаат можност да ги прочитаат песните на оригиналниот јазик, како и во превод на бугарски јазик.
Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претставува кратката песна „Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров, која е дел од неговата стихозбирка „Преместен камен“, преведена од Роман Кисјов и издадена во 2012 година, во издание на Издавачката куќа „Стигмати“.
Годишното издание на проектот вклучува дваесетина поетски имиња, како на пример: Ерих Фријд (Австрија), Петја Кокудева (Бугарија), Бертолт Брехт (Германија), Шота Руставели (Грузија), Тасос Ливадитис (Грција), Мариане Ларсен (Данска), Луис Алберто де Куенка (Шпанија), Џани Родари (Италија), Авги Лили (Кипар), Колбајн Фалкајд (Норвешка), Ана Швиршчинска (Полска), Алешандре О’Нил (Португалија), Марин Сореску (Романија), Никола Маџиров (Македонија), Ерик Ондрејичка (Словачка), Тоне Паучек (Словенија), Юрий Андрухович (Украина), Зита Ижо (Унгарија), Хели Лаксонен (Финска), Силва Фишерова (Чешка).
Официјалното отворање на проектот ќе се одржи на 19-ти ноември, со почеток од 18:30 часот во Полски институт во Софија, на ул. „Веслец“ бр. 12.
Поврзани содржини
„Жените на Пучини“ во НОБ во рамките на „Месец на Пучини“
19/11/2024 07:11
Изложба по повод 120 години од раѓањето на Вангел Коџоман
19/11/2024 07:11
Евтимов ја обедини најмоќната машка актерска екипа – премиера на „12“ во МНТ на 20 ноември
18/11/2024 14:11
Дејан Дуковски пред премиерата во Белград: Никој не ги слуша паметните, сите ги слушаат гласните…
18/11/2024 14:11
Славниот тенор Пласидо Доминго со настап во “Борис Трајковски“ на 14 март
18/11/2024 12:11
Руската балетска ѕвезда Владимир Шклијаров почина на 39 години во неразјаснети околности
18/11/2024 10:11
Концерт на Екстраваганца фантази квартет во Камерната сала на Филхармонија
18/11/2024 07:11
Донка Китанова добитник на Гран при наградата за литература на 57 Детски Рацинови средби
17/11/2024 15:11
Најчитани
Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија
13/11/2024 14:10
Почина Миодраг Костиќ, кралот на шеќерот и сопственик на една од најголемите бизнис империи во регионот
13/11/2024 10:20
Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот
14/11/2024 11:09
Од Тарик Филиповиќ до Сашко Коцев: Татковството не е должност туку љубов
13/11/2024 10:32
Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови
13/11/2024 14:14
„Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија
15/11/2024 22:42
© Независен Весник 2019 -2024
Импресум
Маркетинг
Услови за користење