Некогаш рудник, наскоро соларен парк
На поплавениот поранешен површински коп на јаглен кај Котбус, се гради пловечки соларен парк, најголем од ваков вид во Германија.
Планирано е системот со сила од 29 мегавати да биде пуштен во употреба во зимата 2024/2025 година. Електричната струја произведена од овој фотофолтаички парк ќе може да ја покрие годишната потрошувачка на 8250 домаќинства.(dw)