Нелегално

Да бидам искрен ме мрзи да пишам нова колумба, како што ја викаше еден денешен академик кој пишуваше колумни во девеесетите години. Затоа ова ќе биде само шеесет секунди читање. By the way, се чудам како некои успеваат денес да пишат и по три колумби дневно. Се извинувам однапред за мојот искршен македонско-скопски дијалект на текстот. 

Волови во слама

Вечерва од една нелегална средба организирана од Претседателот, нема резултат. Нелегално ќе се договорат за време на викендот. А Претседателот, ако се договорат сдсм и будипенштанското вмро, ќе прогласи вонредна состојба од неколку саата за да биде се по устав и закон. Што мислите кој кого работи како волови во слама цели три години?

Датум

Денес, маќедонскиот граџанин  не верува во корона пандемијата и маските реда ради ги носи на чело, под носот или на брадата, или ги мота по џебови како марамчиња за бришење мрсули. А сакате да ви гласаат на 8, 12, 18 или 29 јули? Некој сериозно и успешно субверзира. Веќе три години. Шампиони! Нормално, на другите им останува само да бидат волови во слама. Кој е тој од воловите што сериозно верува дека изборите ќе бидат успешни на 8, 12, 18 или 29 јули? Поаѓам од себе. Јас, прашање е дали ќе бидам во Скопје на 8 јули, а камо ли на 12, 18 или 29 јули?  Искрено, нема да бидам. И слободно може кој сака да го шкртне моето ливче. Уште еднаш. Будипештанското вмро во овие три години се шампиони во деструктивноста и субверзивноста. Јасно е едно. Би било премногу да бојкотираат повторно како во случајот на референдумот, но затоа играат на тотален крах на изборите во средината на јули. И потоа ќе велат, ете гледате ли со какви волови во слама си имаме работа?! Шампиони за деструкција и субверзивност!

Претседателот

Претседателот организира нелегални средби по уставот и законот. По прогласување на укинувањето на вонредната состојба, по уставот и законите, роковите за избори течат!

Верувам дека сака да учини добро колку и да е нелегално, но од многу чинење или од многу нечинење, еден ден да не му го кутнат авиончето?!.  Затоа, за да ја амортизира нелегалната постапка, предлагам за викендот да ги повика сите останати партии кои имаат пријавено листи за избори и да го слушне и нивното мислење. Има толку многу вмро и други новопојавени партии кои ќе учествуваат на избори, така да оваа будипенштанскава вмро нека одмори малку, едно четири години. 

Меџународната заедница

Very much appreciate their opinion. But, I would appreciate if they are not suggesting dates. According to the constitutional law and other laws, time is already running! Everything else is illegal!

——————

Уште еднаш се извинувам за мојот маќедонско-скопски дијалект. 

Руди Лазаревски

Back to top button
Close