Нема официјална точна бројка колку осуденици се надвор од затворите – од Шутка и „Идризово“ над 100 се постојано на улица
Колку осуденици се надвор од затворите и како се нашле на улица. Ова е главното прашање што го отвори убиството на бизнисменот на 20 август кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.
Тој беше застрелан од затвореник кој на 15 април добил слободен викенд од затворот „Идризово“, но не се вратил таму, се додека не беше уапсен по грозоморното убиство. Според „Фокус“, првоосомничениот за убиството требало да биде во затвор до 2032 година, но наместо во затвор, тој прво избегал од затворот во Прилеп, па бил фатен со нелегално оружје, а потоа не се вратил ниту во „Идризово“.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во телевизиско интервју обелодени дека во текот на минатата и оваа година, само од затворите „Идризово“ и „Скопје“, во Шутка избегале околу 200 затвореници.
…