Непознат број жртви во напад во училиште во САД
Во средно училиште во Виндер, недалеку од Атланта во американската држава Џорџија имало пукање во кое според американските медиуми, има неколку жртви.
МСНБЦ на Х објави дека според првичните информации во престрелката загинале најмалку две лица, а најмалку четворица се ранети. Други американски медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, меѓу кои може да има и ранети и убиени.
Осомничениот е уапсен, соопштија властите.
Полицијата и итните медицински служби интервенирале во средното училиште Апалачи во округот Бароу околу 10:23 часот „за пријавен активен напаѓач“, се вели во соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу.
Учениците се евакуирани и пристапот до училиштето е блокиран