Несреќа во Скопје: Автобус удри во тротинет, возачот на автобусот избегал

Вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, автобус удрил во електричен тротинет, управуван од Е.А.(51) од Скопје, по што возачот со автобусот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close