Нетанјаху ги демантира наводите дека Хамас и ја предал контролата на Газа на палестинската самоуправа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги демантираше наводите на арапските медиуми дека Хамас ја предал контролата врз Појасот Газа на палестинската самоуправа, велејќи дека останува на своето ветување дека „денот по војната во Газа, ниту Хамас, ниту палестинската самоуправа нема да бидат таму“.

Тој ја истакна својата посветеност на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно раселување на Палестинците од Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Претходно денеска, арапските медиуми објавија дека Хамас се согласил да ја отстапи контролата над Газа на палестинската самоуправа како дел од преговорите за трајно завршување на војната

Back to top button
Close